Конкурсите за вработување значително се зголемуваат во месециве пред изборите

0
35

Големиот број на огласи за работни места во последните неколку месеци, за премиерот Оливер Спасовски немаат никаква врска со изборите на 12 април. Премиерот изјави дека во последниот период бројот на работни места не е зголемен, но се објавуваат огласи за вработување врз основа на потребите на институциите.

Премиерот Спасовски рече дека поголемиот број на огласи за вработување во овој период се однесува на ангажман на наставници со договор на дело за второто полугодие. Сепак, Алсат имаше известено за зголемување на бројот на огласите за вработување по одлуката на 12 – ти април да има предвремени парламентарни избори. Според Алсат, од почетокот на октомври, бројот на огласите за вработување е зголемен за 60% во однос на другите месеци од годината. Дури и Државната комисија за спречување на корупцијата изјави дека ја следи состојбата и ќе реагира во случај на прекршувања. Зголемувањето на вработувањата е вообичаена практика во пресрет на секој изборен циклус. Од друга страна, Владата го претстави Оперативниот план за вработување за 2020 година, за чие спроведување се предвидени 1,4 милијарди денари за субвенционирање на микропретпријатијата, обуки за невработените лица и субвенции за плати. Се очекува да бидат опфатени околу 12.000 лица. Со 447 милиони денари ќе се субвенционираат и 1.364 микробизниси за самовработување. Со овој план за 2020 година, владата верува дека ќе се создадат 1.900 нови работни места. За време на презентацијата на планот, беа присутни само претставници на СДСМ. Наместо министерката за труд и социјална политика од ВМРО ДПМНЕ, Рашела Мизрахи, присутна беше дополнителниот заменик министер на СДСМ, Санела Шкријел.