Ла Верита“: Зоран Заев учествувал во купопродажба на гласови на избори

0
36

Под насловот „Купопродажба на гласови во Македонија“, италијанскиот весник Ла Верита објави дека се купувало гласови во Струмица за време на парламентарните избори во 2014 кога екс премиерот Зоран Заев беше градоначалник на Струмица.

Во видеото што го објавува италијанскиот весник се гледаат извадоци од комуникација меѓу Вице Заев и други лица од локалната власт за малверзации со гласови, пишува „Ла Верита“.

Лидерот на СДСМ Заев денеска ги отфрли како неточни пишувањата на Ла Верита. Според него ако постоеле докази за негова вмешаност за изборни нерегуларности во 2014 досега ќе бил осуден.

Со слично соопштение реагираа и од СДСМ. Не само што изборите во 2014 ги украде Никола Груевски, туку и обвинителството под целосна контрола на ВМРО-ДПМНЕ не презело никакви дејствија. Наводите дека Зоран Заев бил вмешан во изборни нерегуларности во 2014 година им паѓаат во вода, велат од СДСМ.
Повеќе за наводите на Ла Верита погледнете го прилогот на Канал 5