Македонија во 2020. и официјално членка на НАТО

Уште две ратификации, онаа во шпанскиот Парламент и таа во Собранието кај нас ја делат Северна Македонија од полноправното членство во Северноатланската алијанса, кое ќе биде реализација на стратешката цел, зацртана со консензус во 1993 година.

За десет месеци Протоколот за пристапување во НАТО го ратификуваа 28 од вкупно 29 членки, а приемот на Северна Македонија како 30.членка на НАТО е извесно, влезот е само формалност, бидејќи одлуката и согласноста од 29 земји-членки е веќе дадена.