Македонските градови повторно во топ-10 најзагадени во светот

0
101

Метрополата се прослави во светот но по топ 10 најзагадени градови. Со денови Скопје е на врвот на листата, а денеска на Аир Вижуал го зазеде 8то место, со измерени штетни ПМ честички два до три пати повеќе од дозволеното. Не здрав воздух освен граѓаните на главниот град, дишат и тетовци, гостиварци, жителите на Кичево но и повеќе други општини во земјава.

По ветровитите денови, температурите се намалија а тоа повторно го вклучи алармот. Еко здруженијата обвинуваат дека не се преземаат мерки а штетните честички се константно присутни.

Од здружението најавуваат протести во следниот период. Реагираат и зошто се уште не се усвоени ЕУ директивите кои се однесуваат на контрола на емисии на издувни гасови и тешки метали во атмосферата а требало уште во 2016та.