Мендух Тачи: Одиме на избори сами или во коалицијата со некои помали политички партии на Албанците

0
41

Или сама или во коалицијата со некои помали политички партии на Албанците ќе оди ДПА на престојните предвремени парламентарни избори. За кои партии станува збор лидерот Мендух Тачи не даде одговор, а за евентуална коалиција или соработка со македонскиот политички блок не сакаше да коментира.

ДПА пред нејзиното седиште на тетовскиот плоштад ја промовираше програмата и платформата насловена Преку врата доаѓа лето. Ги претстави кадрите кои доколку дојдат на власт би ги управувале институции.