Меркел на самитот на ЕУ во март ќе притиска за преговори со Скопје и Тирана

0
42

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска рече дека на самитот на Европската унија кој треба да се одржи во март во Загреб ќе притиска Северна Македонија и Албанија да ги почнат пристапните преговори со ЕУ.

По состанокот со албанскиот премиер Еди Рама во Берлин, Меркел рече дека тие пред се сакаат да постигнат договор на следниот Европски совет во март за почеток на преговори со Албанија и Македонија.

„Двете земји постигнаа многу. Сега ние силно ќе работиме во март да се постигнат посакувани резултати“, рече Меркел.