Мизерен потег на „навивач“: Се обидува да заработи богатство на сметка на Коби Брајант!

0
43

Дури тогаш кога ќе загубиш некој, тогаш разбираш колку ти недостигал, а навивачите на Лос Анџелес Лејкерс и сите искрени фанови на кошарката тагуваат по Коби Брајант. Сепак, некој мора да остави дамка, па така еден „навивач“ реши да препорава карти за следниот меч на Лејкерс на домашен терен.

Најверојатно знае дека сите во следните денови во Лос Анџелес ќе го испраќаат трагично настраданиот кошаркар, па затоа тој реши да продава карти за огромна цена.

Секој кој сака да присуствува на дербито против Лос Анџелес Клиперс ќе мора да плати најмалку 1.200 долари за еден билет и тоа е најефтино во аголот на последниот ред.