Мизрахи нема да дозволи антисемитизам

0
92

Техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи им порача на политичките противници дека нема да дозволи некој да го обележи народот како антисемитски. Нападите врз мене и мојот личен интегритет само ќе ме охрабрат дополнително да се борам за тоа што сум дојдена, изјави Мизрахи на прес конференција на која обелодени дополнителни 4603 нови нерешени барања за надоместок за помош на нега од трето лице, со што вкупниот број се искажи на 11 514 нерешени предмети.

И Мисијата на ОБСЕ ги осуди сите форми на расизам, антисемитизам и нетолеранција. На официјалната страница на фејзбук ги повика членовите и подржувачите на сите политички партии да се воздржат од изразување и споделување навредлива содржина на етничка, верска или друга основа.