Наставник од Чегране бакнувал малолетна ученичка, судот му определи притвор!

Наставник од гостиварско Чегране, што извршил полов напад врз ученичка од основното училиште во селото, доби 30 дена притвор.

Настанот се случил пред три дена, а како што соопштуваат од Обвинителството наставникот за време на одморот ја повикал деветгодишната ученичка кај него во училницата. Ја допирал и ја бакнувал, а направил и заедничка фотографија со неа. Кога девојчето излегло од училницата, осомничениот ѝ кажал дека повторно ќе ја повика.