Новиот министер за МВР ќе се договора телефонски меѓу Мицкоски, Заев и Ахмети

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски ќе предложи ново име за кандидат за технички минстер за внатрешни работи. Не го откри името, само кратко рече дека новиот кандидат не бил политичка фигура и дека против него нема кривични пријави.

„Станува збор за човек кој е професионалец, многу кратко од овој момент ќе го дознаете неговото име чекам за последни консултации со господинот Заев кој треба наскоро да се врати во државата уште еднаш да разговараме, да се консултирам и со господинот Ахмети, како што налагаат позитивни законски прописи, попладне. Јас не очекував ниту првиот пат да биде проблематизирано. Кога станува збор за исплашениот СДСМ, Заев, Спасовски, Шеќеринска и останатите, се е можно можеби и овој пат ќе најдат некоја точка и запирка, која би била проблематична за нив, само за да избегаат од предвремените парламентарни избори“, рече Мицкоски.

Мицкоски утрово телефонски се слушнал со Заев, го убедувал да го прифатат името на предложниот кандидат – воениот офицер Драган Ковачки, но договор не постигнале. Мицкоски вели дека одбивањето е поради страв од изборите, од СДСМ коментираат дека униформирано лице како што е Ковачки не смее да биде министер според членот 97 од Уставот. Од владејачката партија велат дека се чека предлогот од ВМРО ДПМНЕ.