Ограбен сефот во поштата во Бутел

0
39

Hепознат сторител во петокот претпладне извршил тешка кражба во пошта во трговски центар на улицата „Натанаил Кучевишки“ во Бутел, соопшти денеска полицијата.

Кражбата била пријавена во петокот во 10:15 часот. Парите се одземени од метален сеф на поштата што се наоѓа во трговскиот центар.

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. Сторителот засега е непознат.

Ова е трета кражба само во овој месец. На 17 јануари беше ограбена експозитурата на НЛБ во Ѓорче Петров од каде се одземени 8.700 евра, а потоа на 23 јануари во спектакуларен вооружен грабеж беше ограбено и казиното „Астра“ што се наоша во Порта Влае. И во обата случаи сторителите се’ уште не се пронајдени.