Од Стефанова „и се крена“ косата, како ќе помине Катица по сведочењето на Рустеми

По вчерашното бурно случување во судот, денес пред очите на Катица Јанева како сведок излегува обвинителот Бурим Рустеми.

Тој ќе биде третиот запишан обвинител – сведок кој ќе се соочи со поранешната колешка Катица Јанева која е второобвинета во случајот „Рекет“ која се гони за „примање награда за противзаконито влијание“ но и за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

По сведочењето на обвинителката Лиле Стефанова, вчера на Јанева и се споија жиците па изреагира бурно и ја нарече со погрдни зборови при што беше отстранета од судницата.