Познати имињата на новите началници во МВР, два потписа за назначување, два потписа за дејствување

Познати неколку од имињата кои техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, ќе ги назначи за началници. Иако се зборува дека на листата за измени фигурира и Тетово, сепак сѐ уште не е објавено името на шефот на СВР-Тетово. Не е познато ниту кој ќе биде шеф на Специјалната единица „Тигри“. Засега се знае дека началник на СВР-Скопје ќе биде Ристо Ставревски, на Битола-Андреј Василевски, на Велес-Игор Ангеловски, на Струмица-Васко Тодоров, на Штип-Александар Николов, на Охрид-Илија Милевски и на Прилеп-Трајче Горгиески.

Чулев ќе смени и раководни лица во други сектори при МВР. Во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал се назначува Александар Јанев, во Интервентната единица – Васко Наумовски, во Оддел за специјални полициски операции – Сашо Зенговски, помошник министер на Одделот за криминални истраги, за внатрешна контрола и професионални стандарди ќе биде Филип Филиповски, а за информатика и телекомуникации – Здравко Стојков.