Предлог-законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции на седница на собраниската Комисија за здравство

0
81

Собраниската Комисија за здравство денеска ќе ја одржи 33. седница на чиј дневен ред е Предлог-закон за контрола на опојни дрои и психотропни супстанции во прво читање.

Со спроведувањето на одредбите на Предлог – законот за контрола на дроги и психотропни супстанции е предвидено основање на Агенција за контрола на одгледувањето и производство на канабис и производи од канабис за медицински и научни цели, поради што е потребно да се обезбедат плати и надоместоци во почетокот за најмалку пет вработени и директор на Агенцијата (околу 3,2 милиони денари на годишно ниво), како и простор, опрема и тековни трошоци за работа. Согласно очекуваниот зголемен обемот на работа во Агенцијата предвидено е во наредната година зголемување на финансиските средствата на Агенцијата согласно зголемениот обем на работа, како и зголемување на бројот на вработените лица.

Со новиот Предлог – закон се овозможува извоз на сув цвет добиен со одгледување на канабисот за медицински цели, така што на правните лица одгледувачи на канабисот им е овозможено веќе произведените количини на сув хербален производ како опојна дрога да ги пласираат на пазарите во Европа и пошироко, при тоа почитувајќи ги меѓународните Конвенции и европското законодавство што ја рагулира материјата.