Преку затворена група со наслов „Јавна соба“, се споделуваат интимни фотографии и видеа на малолетни девојчиња од земјава

0
40

Преку затворена група на социјалната мрежа Телеграм со наслов „Јавна соба“, македонски средношколци споделуваат и коментираат на интимни фотографии и видеа на малолетни девојчиња од земјава, најчесто нивни врснички, ,објави Телма

До Радио МОФ реагираа средношколци кои пристапиле до групата, и појаснуваат дека дел од сликите кои се објавуваат и коментираат се преземени од отворени профили. Сепак, додаваат дел биле испратени преку приватни пораки, но потоа се нашле во „Јавна соба“ на Телеграм. Најголемиот дел им припаѓаат на малолетни девојчиња.

Голем дел од фотографиите и видеата кои се споделуваат и коментираат се преземени од веќе постоечки страници на интернет, но во „Јавна соба“ се поврзуваат со конкретни личности, најчесто малолетни девојчиња од земјава, при што се наведува името и презимето или градот на живеење.

Групата за неколку дена стигна до над 7400 членови, а во неа се пристапува по претходна покана од пријател. Радио МОФ пристапи до групата, каде во рок од половина час беа споделени десетина видеа и фотографии со експлицитна содржина, а следеа и неколку стотици коментари. Се чека на одговор од МВР и инадлежните институции.

Во меѓувреме, заменичката министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска, на Фејсбук напиша: Во врска со затворена група на „Телеграм“ во која средношколци споделуваат експлицитни фотографии од свои врсници, Бирото за јавна безбедност веднаш започна истрага за мотивите и целите на формирање на оваа група.  За сите детали и наоди јавноста ќе биде известена, а против прекшителите на законот ќе се поднесат соодветни поднесоци