Продолжуваат протестите во повеќе црногорски градови заради верските слободи

Во повеќе црногорски градови и денеска се одржуваат протести заради усвојувањето на Законот за слобода на вероисповедта.

Во протестната литија од центарот на Беране до манастирот Ѓуѓеви столбови, оддалечен три километри, попладнево се собраа до сега најголем број граѓани, пренесе подгоричкиот портал Вијести. И на литијата во Бијело Поље, која одеше по градските улици, се собраа повеќе илјади верници, кои уште еднаш го изразија својот протест поради изгласувањето на законот. До овие протести доаѓа откако во црногорскиот парламент беше донесен законот со кој, меѓу другото, се бара од верските организации да покажат дека го поседуваат иметот од пред 1918 година, инаку тој имот оди во рацете на државата.