Рама ги смирува граѓаните: Изјавата на Хамнеи не треба да ве вознемири

Албанскиот премиер Еди Рама вели дека не е изненаден од изјавата на иранскиот врховен лидер, Али Хаменеи, кој Албанија ја прогласи за непријател и ја нарече „мала ѓаволска земја“, која засолнила нивни непријатели.

Во интервју за Топ чанел Рама изјави дека Албанија во сојузот со САД не придонесува со ракети и бомби, туку преку хуманитарна операција за сместување на муџахедините.

– Јас воопшто не сум изненаден од изјавата. Албанија го направи она што значи почитување на својата традиција, почитувајќи го фактот дека ние сме стратешки сојузници на САД и не сме придонесувачи во овој голем сојуз со ракети или бомби, туку ние сме придонесувачи во обезбедување, преку хуманитарна операција, засолниште за група луѓе кои беа под закани со смрт од диктаторски режим – рече Рама.