СВР Тетово: Сообраќајка со тешки телесни повреди, ограбена џамја

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа се случила утрово околу 4 часот и 10 минути на автопатот Тетово-Скопје. 27-годишник од Струмица, кој управувал со „бмв-то” задобил тешки телесни повреди, додека возачот на другото возило „фолксфаген голф”, 38-годишен тетовец, како и 62-годишен сопатник од Тетово завршиле со телесни повреди. Тројцата повредени пренесени се во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош.

Во полицискиот билтен регистрирана кражба на бакарните олуци на џамија, лоцирана на улица „ЈНА” во Гостивар. Кражбата која ја пријавил 62-годишен гостиварец, се случила периодот помеѓу 25 декември минатата и 9-ти овој месец.