Се бара побрза дијагностика за ретките болести

0
39

Некои пациенти со ретки болести кај нас чекаат и по цела деценија за да добијат дијагноза од доктор.

Долгиот и тежок пат до дијагностичка слика и дополнителните трошоци на пациентите кои самите си ја плаќаат истата – остануваат стара болка на македонското здравство.

Оние пак кои ќе дознаат од што точно боледуваат, чекаат уште година-две за да дојдат до терапија.