Сообраќајна несреќа на стариот пат Тетово – Скопје: Тројца се потешко повредени

Тројцата по укажаната помош во тетовската болница поради сериозноста на повредите се однесени на скопските клиники.

Двајца возачи и еден сопатник се тешко повредени во сообраќајна незгода што се случила околу 18 часот и 15 минути на стариот пат од Тетово кон Скопје. Тројцата се повредени поради судир на камион и автомобил.

– Кај требошки натпатник се судриле товарно моторно возило “мерцедес” со тетовски таблици управуван од Х.А (48) од Голема Речица и патничко возило „опел корса” што го возел М.Б роден 2001 година од Сараќино. Двајцата возачи како и сопатникот во опелот Б.С роден 2000 година исто од Сараќино добиле тешки телесни повреди, соопшти Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.