Спасовски бара лична и професионална одговорност од вработените во државните органи

СКОПЈЕ —

Техничкиот премиер Оливер Спасовски бара лична, институционална и професионална одговорност од луѓето што ги водат државните органи.

Повикот пратен од прес-конференција, прва по преземањето на должноста, следи по кавгата во врвот на МВР меѓу новиот технички министер Наќе Чулев и дополнителната заменичка Славјанка Петровска за назначувањата на низа раководни позиции во полициската структура, како и за поништувањата на решенија потпишани токму од Спасовски додека беше шеф на МВР.

Премиерот очекува решение на проблемот без, како што вели дневно политички игри.

„Очекувам низ дијалог да се надминат сите прашања, особено кога станува збор за МВР зошто безбедноста и стабилноста на државата се врвен приоритет без оглед на тоа кој од која партија доаѓа и не треба никој да се поигрува на дневно-политичка основа“, изјави Спасовски.