СПАСОВСКИ ЈА ПОВИКА ОПОЗИЦИЈАТА ДА ГО ПОДДРЖИ ЗАКОНОТ ЗА ЈО

Партиите да ги надминат внатрепартиските интереси а пратениците во законодавниот дом да бидат на висината на својата должност и да го дадат својот придонес во носењето на Законот за ЈО порача техничкиот премиер Оливер Спасовски . На два дена пред закажаната јавната дебата која ќе се одржи во законодавниот дом Спасовски со порака и до најголемата опозициска партија да престанат како што вели со партиски калкулации и политиканство бидејќи носењето на ова законско решение е клучно пред распуштањето на парламентот и распишувањето на изборите .

Од ВМРО ДПМНЕ пак и денеска возвратија на пораката на Спасовски дека тие не се кочничари на овој закон но ќе го поддржат како што велат само во случај ако бидат прифатени нивните забелешки а законот ќе биде единствено во корист на граѓаните .