Стефанова: Политичари, бизнисмени, судии и обвинители ургираа за Камчев во Империја

0
38

Катица Јанева ме тераше да го затворам предметот Империја против Орце Камчев, сведочи денеска обвинителката Лиле Стефанова, во кривичниот суд на рочиштето за Рекет, кое денеска се одржа по неколку одложувања. Поранешната обвинителка во СЈО, Стефанова вели дека Јанева на состанок наложила да се пуштат од притвор Камчев и Панделевски и уште тројца осомничени во Империја.

„Рече дека тоа е важно за процесите за донесување на законот за ЈО. На тоа се побуни само обвинителот Артан Ајро, а другите си молчеа“, сведочи Стефанова, по што вели дека не можела да сфати како тоа Камчев и Панделевски имаат врска со законот за ЈО.