„ТНТ“ од почеток, Трајковски сам дојде во судот

0
109

По замената на поротата во предметот „ТНТ“, судењето денеска почна од почеток. На рочиштето дојде и обвинетиот Тони Трајковски, за кого судот вчера побара да биде донесен со полиција.

Судијата Огнен Ставрев, пред почетокот на денешното рочиште, го праша Трајковски дали бил спроведен со полиција или сам дошол, на што обвинетиот рече дека дошол сам иако немал покана. – Без покана. Барав вчера покана, ама не добив, изјави Трајковски.

Предметот го води судијата Огнен Ставрев, а застапник на обвинението е Бурим Рустеми од ОЈО Куманово. За делото обвинети се повеќе лица меѓу кои екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и тогашниот градоначалник на Општина Гази Баба,Тони Трајковски, додека во отсуство му се суди на поранешниот премиер Никола Груевски.