Трагедија: Се урна „боинг“ со 83 патници во Авганистан

Патнички авион на авганистанската државна авиокомпанија „Аријана“ се урна во покраината Газни во централниот дел на Авганистан. Ариф Нури, портпарол на покраинскиот гувернер, соопшти дека околу 13 часот по локално време (окоу 10 часот по наше) се урнал патнички авион „боинг“.

Медиуми наведуваат дека во авионот имало 83 патници, но уште нема информации за жртви. Тоа подрачје, како што наведуваат агеннции, било под контрола на Талибанците.