Предлог-законот бил усвоен со 325 гласа „за“ и 184 „против“.
Се очекуваше дека нема да има проблем за неговото одобрување затоа што владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) на претседателот Реџеп Таип Ердоган и неговиот екстремно десничарски коалициски партнер , Сојузот на националистичкото движење, имаат парламентарно мнозинство.
Беше свикана итна сесија на која се расправаше за предлогот што ќе и овозможи на владата да донесе одлука за времето и степенот на распоредувањето и бројот на припадниците на вооружените сили што ќе бидат испратени во Либија.
Турција ја поддржува Владата на со седиште во Триполи, поддржана од ООН , која побара од Анкара да испрати воени сили.