Украина не исклучува можен терористички напад: Пронајдени ракетни остатоци на местото на авионската несреќа во Иран?

Украински службеник денес ги изнесе четирите главни теории за предизвикување на падот на украинскиот авион во Иран во кој загинаа 176 патници, а во нив се вклучени и можни ракетни напади и тероризам.

Секретарот на украинскиот совет за национална безбедност и одбрана, Олексиј Данилов го соопшти ова откако беше објавено дека авионот се запалил непосредно пред падот.

Украина испитува повеќе можности за падот на авионот, вклучувајќи и ракетен напад, судар, експлозија на моторот или тероризам, напиша Данилов на фејсбук.