„Фантом“ обвинет за серија кражби во Шутка

0
42

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице кое се товари дека извршило продолжено кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик, како и едно кривично дело – Кражба предвидено и казниво согласно член 235 став 1 од Кривичниот законик.

Имено, обвинетиот во периодот од 01.12.2019 до 06.01.2020 година со умисла извршил пет временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на истото дело, притоа искористувајќи исти прилики и слични околности. Притоа обвинетиот 20-годишник провалил во четири куќи и во еден маркет во Шуто Оризари и одзел туѓи вредни предмети: мобилен телефон, телевизор, два персиски теписи, кутии цигари и алати. Вкупната вредност на украдените предмети се проценува на околу 180.000 денари.