Хеленик за Алсат: Не сакаме да коментираме, за да не наштетиме на процесот

0
92

Хеленик Петролеум газда на ОКТА, молчи околу понудата на македонската влада за намалување на сумата во висина од 40 милиони долари кои земјава треба да ги плати со камата. Македонската Влада бара оваа сума да се намали, бидејќи не бил испочитуван купопродажниот договор од страна на рафинеријата. Од Хеленик за Алсат велат дека нема да коментираат за да не наштетат на арбитражата.

„Групацијата ХЕЛЕНИК ПЕТРОЛЕУМ не би сакала да коментира за случај што во моментот е предмет на меѓународна арбитражна судска постапка“, велат од Хеленик Петролеум.

Јас сум убеден дека со аргументи, со преговарање можеме да најдеме решение кое ќе биде вин-вин ситуација и за нашата држава но секако и за инвеститорот“, вели министерот Бектеши.