Холандија се преименува во Нидерланд

Холандските власти донесоа одлука да се укине името Холандија и од сега државата да се нарекува Нидерланд.

Промената на името земјата ја чини 200.000 евра од буџетот, а одлуката е донесена со цел да се подобри имиџот на државата.

Институциите, локалните власти, универзитетите, приватните компании и медиумите треба да го користат името Нидерланд од самиот почеток на годината. Владата верува дека мерката ќе и овозможи на земјата да се ослободи од имиџот да е препознаена по  дрога и проституција.