Хорор на новогодишната ноќ во Австралија – татко ги убил ќерката и зетот, па се обидел да се самоубие

Млад брачен пар бил убиен за време на новогодишната ноќ во Јаравил, во предградието на Мелбурн, Австралија.

Ветон Мусаи (29) починал во болница, ден по смртта на неговата 25-годишна сопруга Линдита, јави „Дејли мејл“.

Осомничен за убиството е таткото на девојката, кој по убиството се обидел да се самоубие. Тој во моментов се наоѓа во болница.