Чулев и Петровска ги усогласија ставовите за смените во МВР, освен за СВР Скопје

Усогласени се ставовите на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев и дополнителната министерка Славјанка Петровска за началниците и нивните дополнителни заменици во секторите за внатрешни работи во Охрид, Штип, Битола, Велес, Струмица, и во Одделението за внатрешни работи во Прилеп, но не и за началникот на СВР Скопје.

Потписи за именување на началниците и нивните дополнителни заменици, што се прави согласно Законот за Влада, а во услови кога со земјата управува техничка Влада, сто дена пред избори, Чулев и Петровска, како што потврдија за МИА доброупатени извори, ставиле за началниците и дополнителните заменици на СВР Охрид, Штип, Битола, Велес, Струмица, Одделот во Прилеп, но и за раководните позиции на Одделот за внатрешна контрола криминалистички истраги и професионални стандарди, Одделот за специјални полициски операции во БЈБ, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во БЈБ, на Единицата за интервентна полиција во СВР Скопје, како и за командатот на единица за специјални задачи во Оддел за специјални полициски операции во БЈБ