Чулев ќе биде министер за внатрешни работи

0
119

„Наќе Чулев е долгогодишен професионалец вработен во Агенцијата за разузнавање, одличен познавач на безбедносните прашања и ново лице во политиката.“ Со вакво образложение, ВМРО ДПМНЕ даде нов предлог за технички министер за внатрешни работи, а СДСМ прифати.

Чулев е дипломиран криминалист со повеќе обуки и усовршувања во Германија, Велика Британија, Бугарија и во други европски земји. Работи во Директоратот за разузнавање на меѓународен тероризам и организиран криминал. Од 2013 до 2017 бил директор на Агенцијата за разузнавање а во наредните две години генерален помошник на директорот. Тој е редовен предавач на Дипломатската академија на МНР.

Владеачките партии немаат ништо против ваквиот предлог бидејќи со него е испочитуван Уставот.

СДСМ: Со овој предлог не се крши Уставот, не станува збор за воено или униформирано лице и не е под обвинение. Се исполнуваат условите предлогот да оди на гласање во Собранието заедно со целата преодна Влада.