“Шверцерите” нема да навиваат за Косово, Балистите допрва ќе решат…

0
148

Навивачката група „Шверцери“, една од најголемите во Македонија и група која го поддржува Шкупи, на претстојниот меч на 26 март меѓу Македонија и Косово, нема да навива за гостинската репрезентација.

Јусуф Рамадани, еден од претставниците на „Шверцери“, за весникот „Коха“ изјави дека тие нема организирано да одат на стадион и да навиваат за Косово. Додека секој поединец фан на Шкупи, може да оди и да навива за кого сака. Тој напомена дека тие ја поддржуваат само селекцијата на Албанија.

Од друга страна „Балистите“, навивачката група на Шкендија од Тетово, се уште не се изјаснила околу тоа дали ќе дојде организирано на „Тодор Проески“ на 26 март.

sportmedia.mk