Ќе се бара и саботата да биде неработен ден

0
99

Саботата да биде неработен ден, и да не се работи повеќе од 38 часа неделно.

Oва го бараат од Сојузот на синдикатите на Македонија. Доставија свој предлог на Законот за работните односи до Министерството за труд и социјална политика во текот на февруари 2019 година.

 

-ВО НАШАТА ДРЖАВА И ВО ДРЖАВИТЕ ОД НАШЕТО ОПКРУЖУВАЊЕ СЕ ПРИФАЌА ДЕКА САБОТАТА И НЕДЕЛАТА СЕ ДЕНОВИ НА НЕДЕЛЕН ОДМОР ЗАРАДИ ПОЧИТУВАЊЕ НА СЕМЕЈНИТЕ ТРАДИЦИИ И ЗАШТИТА НА ПРАВАТА, ШТО Е ВО СОГЛАСНОСТ СО КОНВЕНЦИЈАТА НА МОТ БР.106 ЗА НЕДЕЛЕН ОДМОР. ПОАЃАЈЌИ ОД СÈ ПОЧЕСТИТЕ ДИСКУСИИ ЗА ПОТРЕБАТА НЕДЕЛА ДА БИДЕ НЕРАБОТЕН ДЕН ЗА СИТЕ РАБОТНИЦИ, КОИ СЕ СÈ ПОПРИСУТНИ НА МЕЃУНАРОДНО НИВО, А ПОСЕБНО ВО ЗЕМЈИТЕ ОД НАШИОТ РЕГИОН , КАКО И ПОЗИТИВНИОТ ПРИМЕР НА ЦРНА ГОРА ВО ОВАА НАСОКА, СОЈУЗОТ НА СИНДИКАТИТЕ НА МАКЕДОНИЈА Е НА СТАВ ДЕКА КАКО ДЕН НА НЕДЕЛЕН ОДМОР ТРЕБА ДА СЕ ТРЕТИРААТ САБОТАТА  И НЕДЕЛАТА, НАМЕСТО КАКО ШТО ДОСЕГА ТОА Е РЕГУЛИРАНО –  „ДЕН НА НЕДЕЛЕН ОДМОР ПО ПРАВИЛО Е НЕДЕЛА ИЛИ ДРУГ ДЕН ВО НЕДЕЛАТА“, ВЕЛИ ЗА ВЕСНИКОТ ВЕЧЕР, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ССМ, ДАРКО ДИМОВСКИ, ПО НАЈАВАТА НА ВЛАДАТА ДЕКА РАБОТИ НА ТОА НЕДЕЛАТА ДА БИДЕ НЕРАБОТЕН ДЕН, ВЕЛАТ ОД СИНДИКАТОТ.