Автомобил бомба експлодираше во Могадашу, мета на нападот биле турски инженери

0
87

Мета на нападот биле група турски инженери, кои помагаат во изградбата на патишта во Сомалија, соопшти полицијата.

Иако нема извештаи за евентуални жртви или повредени, амбасадата на Турција потврдила де нејзини државјани се повредени во експлозија, како и дека се згрижени во болница.

„За сега знаеме дека тројца турски инженери се повредени, како и нивниот преведувач. Исто така во експлозијата се повредени двајца сомалиски полицајци“, стои во соопштението од туската амбасада во Могаши, пренесе „Ројтерс“.