Агенции: Најмалку шест убиени во пукање во Германија

0
98

Најмалку шест лица се убиени, а неколку повредени во пукотница што попладнево се случи во градот Рот ам Зе, недалеку од Нирнберг, во германската сојузна држава Баден-Виртемберг, јавуваат медиумите.

Германската полиција на Твитер објави дека е во тек голема акција и според информации во дел од тамошните медиуми, напаѓачот е приведен. Првичните претпоставки се дека немал соучесници во нападот, како и дека најверојатно ги познавал жртвите.

„Осомничениот е уапсен“, изјави Холгер Бинерт, портпаролот на германското МВР, без да потврди колку лица се убиени.