Адвокат во „ТНТ“ со закани за кривични пријави доколку не се констатира престанок на мандатот на судија-поротник

0
73

Адвокатот Јовица Страшевски, кој во 2017 година собра потписи за да му биде противкандидат на Христијан Мицкоски за лидерското место во ВМРО-ДПМНЕ, но на крајот се откажа од кандидатурата, воедно и бранител на ексградоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски во случајот „ТНТ“, а кој се однесува за уривање на комплексот „Космос“ на Фиат Цановски денеска побара Судскиот совет итно да заседава со цел да констатира престанок на мандатот на судија-поротник во случајот, заканувајќи се дека ако тоа не се стори до 10 јануари, ќе поднесе кривични пријави до МВР и Јавното обвинителство.

„Дејствијата на претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев изгледаат како да се умислени со цел да го оправда незаконското постапување на претседателот на Основниот кривичен суд Скопје и со истите ги доведува членовите на советот во состојба да сторат незаконско дејствие бидејќи е неспорен фактот дека Судскиот совет нема законски основ за донесување на било каква одлука, ниту по Законот за судови, ниту по Законот за Судски совет во однос на престанок на функција судија – поротник на лицето Лидија Ивановска Кочовска, бидејќи нејзниот мандат престанал со протокот на времето за кое што била избрана односно и истекол мандатот по сила на Закон само истото треба да се констатира“, рече Страшевски на прес конференција.