Алпинистката Арсова: Се чувствував посебно на Антарктикот

0
74

Прекрасно е чувството да ја достигнеш целта да се искачиш на врвот на планината Винсон на Антартикот, пред се заради самиот себе си, но уште повеќе кога со тоа ќе предизвикаш гордост кај целата своја нација, истакна денеска Илина Арсова на прес-конференцијата по повод нејзиното искачувањето на врвот на 27 декември минатата година.

Арсова е првата Македонка која се искачила на оваа планина, и со овој подвиг успеала да ги искачи сите највисоки седум врвови на седумте континенти на планетата Земја. Со ова, таа го комплетирала и проектот на Федерацијата на планинарските спортови на Македонија (ФПСМ) и Агенцијата за млади и спорт, „Седум самит“.