Антикорупционерите немоќни против корупцијата, немале софтвер!

0
82

Антикорупционерите се прогласија за немоќни во откривање на поврзаноста помеѓу бизнисот и политиката. Причината за нивната слаба ефикасност е поради тоа што една година чекаат софтвер кој ќе ги лоцира донаторите на политичките партии и дали потоа нивните фирми ги добиваат државните тендери.

На прашање на Алсат, освен технолошките недостатоци кои се другите проблеми што антикоруционерите не можат цела година да лоцираат крупна корупција помеѓу бизнисот и политиката, претседателката на комисијата одговори:

„Па, не знам, ако Вие ако сте лоцирале повелете. Секој случај што е дојден ние го работиме“, рече Билјана Ивановска, претседателка на ДКСК.

Новинар: „Ама, јас не сум антикорупционер. Вас Ви дадоа обврска да го ловите криминалот и корупцијата. Како јас да барам случај?“

„Не викам да најдете случај, ние сме ги детектирале ризичните точки сме кажале – еве во делот на концесиите, сме кажале во стратегијата за ризичните точки, секаде каде субјективниот фактор е оној кој што одлучува“, вели Ивановска.