АПОКАЛИПТИЧНИ ПОЖАРИ ГО ОБОИЈА НЕБОТО НАД АВСТРАЛИЈА ЦРВЕНО

0
79

Небото над Австралија има крваво црвена боја. Површина колку половина Европа е во пламен на австралискиот континент. Апокалиптичните пожари досега зедоа 20-ттина човечки животи, уништија домови во државите Викторија и Нов Јужен Велс. Состојбата е дополнително влошена поради ектремно високите температури и силните ветрови. Во Сиднеј, скалата на термометрот вчера покажала 50 степени, а огнената стихија наближува и кон Малбурн. Во телефонски разговор, Сашка Ставрески, новинарка која живее во најпогодената, државата Викторија, последните 24 часа ги опишува како најсурови за овој далечен континент.

Посебно мачна е состојбата за животните. Половина милијарда животни изгореа, а според експертите, во пожарите можат да исчезнат некои растителни и животински видови. Се проценува дека настрадале околу 8.000 коали, што е третина од бројот на овие животни на кои Австралија им е дом. Најголеми шанси за преживување имаат кенгурите, кои се големи и брзи. Помош во Австралија пристигнува од САД, Канада и Нов Зеланд.