Арачиновец „натоварил“ 36 мигранти, полицијата го уловила

0
83

Не запира „бизнисот“ со шверцување мигранти во земјава.

Вчера бил фатен дваесет и деветгодишен арачиновец, кој во товарно возило пренесувал дури 36 мигранти. Го уловиле струмички полицајци на нивни терен, по што случајот ќе се документира и ќе се преземат соодветните мерки.

„На 14.01.2020 полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Б.А.(29) од с.Арачиново, скопско, поради тоа што во 05.45 часот, на регионалниот пат помеѓу селата Куклиш и Свидовица, струмичко, при преглед на товарно возило „рено мастер“, со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени 36 мигранти (двајца од Ирак, еден од Камерун, тројца од Пакистан, девет од Авганистан и 21 од Сирија). Б.А. бил задржан во Полициската станица во Струмица. По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, соопшти МВР.