БОКИ 13 ВО „РЕКЕТ“: СЕ ЧУВСТВУВАМ КАКО ПОЛИТИЧКИ ЗАТВОРЕНИК

0
70

Кој сака моја физичка ликвидација и кому му пречи вистината за Рекет? – праша обвинетиот Бојан Јовановски на денешното рочиште, на кои обвини дека постојано добива закани по неговиот живот. За ова ги известил и обвинителите Вилма Русковска и Љубомир Јовески и побарал средба за да каже доверливи информации, но не добил одговор.

Неговиот адвокат Сашо Дуковски не откри од каде доаѓаат закани, но вели вклучени се и посредници.

На денешното рочиште во судница првпат се сретнаа поранешните колешки од СЈО – но овој пат на различни страни од судницата.