Боки 13: Не сум експериментален глушец, дискриминиран и маргинализиран сум

0
76

Jас сум 55 пати носен во болница откако сум во притвор и не сум експериментален глушец за некој да напише едно, друг друго и на крајот обвинителката да констатира дека сум во добра здравствена состојба, реагираше обвинетиот во „Рекет“, Бојан Јовановски-Боки 13 на денешното судското рочиште кое се одложи бидејќи не се појавија адвокатите на поранешната специјалната обвинителка Катица Јанева.

Тој рече дека не сака повеќе да оди на испитувања бидејќи досега има многубројни лекарски извештаи.

„Има конкретни специјалистички насоки како треба да се постапи кон мене, но не се постапува. Се чувствувам дискриминиран и маргинализиран“,

рече Јовановски.

И неговиот адвокат Сашко Дуковски во изјава за медиумите зборуваше за здравствената состојба на Јовановски при што рече дека од неколкуте здебелени чирови на желудникот се земени примероци да се испита дали станува збор за можен карцином.

„Имаме известиле каде што се наведува дека треба да се спроведе хигиенски диететски режим. Не може сите лекари да грешат. Ајде вие објаснете како може да се спроведе таков режим во Шутка. Тоа е затвор, не го обвинувам затворот, но тоа не може да се спроведе таму“,

рече адвокатот.