Ванчева: Обвинителите од СЈО да конкуриират и да бидат избрани во обвинителството на Русковска

0
85

Обвинителите кои што работеа во СЈО, а потекнуваат од основни обвинителства, во ситуација кога се носи овој закон кога престанува СЈО треба да се остави можност да конкурираат и повторно да бидат избрани во обвинителството за организиран криминал. Само тој начин е возможен. Сакаме да ја решиме оваа ситуација и тоа е единствен начин, изјави пратеничката од СДСМ Снежана Калевска Ванчева.

Законот не треба да се носи по скратена по стапка, но треба да се земе во обзир и историјата, цела година се разговара, ова е трета верзија. Разликата е суштинска помеѓу првата и втората верзија. Односно се работеше за 2 различни обвиненија, вели Ванчева.