(ВИДЕО)Спасовски, Заев и Сотировски се сретнаа со вселенскиот патријарх Вартоломеј: Какви сигнали испраќа средбата во Истанбул?

0
82

Премиерот Оливер Спасовски, заедно со претседателот на СДСМ, Зоран Заев и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, денеска во Истанбул во седиштето на Цариградската патријаршија се сретна со Вселенскиот Патријарх г.г. Вартоломеј.

Средбата, според владината прес-служба, е на покана од вселенскиот патријарх што Заев ја доби додека беше премиер.