(ВИДЕО) Макрон не му дозволи на израелски полицаец да влезе во црква во Ерусалим

0
73

Францускиот претседател Емануел Макрон во средата имаше препирка со израелската полиција од којашто бараше да го напушти комплексот на Базиликата на света Ана во Ерусалим, на којашто се виори француската тробојка.

„Не ми се допаѓа тоа што го сторивте пред мене“, му довикна Макрон на израелски полицаец, алудирајќи на настанот во кој на истото место учестува починатиот француски претседател Жак Ширак пред речиси четврт век.