Хаос и пукање на унгарска граница при обид да преминат мигранти

0
76

На унгарската граница утринава дошло до инцидент кога мигранти се обиделе да влезат во Унгарија и воедно во територијата на ЕУ.

Како што наведува тамошната полиција, група мигранти сакале да влезат во ЕУ на преминот во Унгарија во околу 04.30 часот, по што полицаец почнал да пука

Полицаецот испукал три куршуми како предупредување што околу 60 мигранти се обиделе да влезат. Во инцидентот никој не е повреден. Преминот е затворен, додека поголемиот контролен пункт за меѓународни патници и товарен превоз е отворен.