Вилма Русковска го повика Боки 13 да пријави ако има сознанија за корупција

0
72

Не се сомневам дека полицијата професионално ќе си ја заврши работата, рече денеска обвинителката Вилма Русковска и повика секој кој има сознанија за корупција да пријави. Ова следи откако обвинетиот во „Рекет“ Боки 13 го впери прстот кон неа.

Јовановски вчера изјави дека имал несоборливи докази за криминал поврзан со корупција на обвинителката Русковска, „тежок“ четири милиони евра и поради тоа побара нејзино изземање од „Рекет“.

Боки 13 најави дека ќе поднесе кривична пријава против Русковска, како и уште против 18 лица.

„Каде да поднесам 19 пријави, меѓу нив и против Вилма Рускоска. Дали лицето Вилма Русковска да го пријавам кај обвинителката Вилма Русковска? Каде да го пријавам лицето Вилма Русковска за корупција од 4 милиони евра за кои имам несоборливи докази“, праша Јовановски.

Јовановски рече дека повеќе Русковска не ја смета за надлежен обвинител за „Рекет“.

Русковска вчера ги отфрли обвинувањата на Јовановски.

Изминативе денови повеќе лица сведочеа за „Рекет“.

Извор фактор