Владејачката партија го поддржа предлогот на Путин за премиер

0
80

Владејачката партија во Русија ја даде поддршката за предлогот на рускиот претседател Владимир Путин да го номинира за премиер Михаил Мишустин. Во денешното соопштение на Единствена Русија се дава „едногласна поддршка“ за не многу познатиот Мишустин да го замени досегашниот премиер Дмитри Медведев кој вчера си поднесе оставка.

Руската влада која ја предводеше Медведев поднесе оставка, само неколку часа откако претседателот Путин во своето годишно обраќање до нацијата во Федералното собрание побара уставни измени со кои ќе се зголеми моќта на парламентот. Во пресрет на денешното гласање во парламентот за избор на Мишустин за премиер, Сергеј Неверов од Единствена Русија, рече дека тие одлучиле да му дадат едногласна поддршка на кандидатот кој го предложи нивниот лидер.